петок, 27 ноември 2026
Најново

Тен Хаг по дебаклот со Кристал Палас: Ова е заслужен пораз

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај




ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ


Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг се осврна на синоќешниот висок пораз во Лондон од Кристал Палас.

Домаќините во натпревар од 36. коло на Англискиот фудбалски шампионат славеа триумф со 4:0.

– Како Манчестер јунајтед, мораме да бидеме подобри. Играчите кои беа на располагање треба да се претстават подобро. Ова е заслужен пораз. Настапот не беше онаков каков што очекувавме. Не можеме да се фокусираме само на „отсуството“ на Касемиро. Треба да се фокусираме на тимската игра. Мора да се поправиме во недела. Треба да учиме од овој натпревар и да се подобриме, изјави Тен Хаг за „BBC Sport“.

Манчестер јунајтед со 54 бода е 8. во поредокот во Премиер лигата, Кристал Палас има 43 бода на 14. место. 

– Реклама –








Поврзани вести