Физичка пресметка меѓу шест лица вчера настанала во Кочани по што во попладневните часови приведени се четири лица.
– Вчера (15.08.2026) во 19:15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги привеле Ж.В.(22), Ј.В.(19) и М.В.(47), сите од Кочани, како и И.А.(46) од село Баница, струмичко. Лицата биле приведени затоа што по претходна расправија на ул. „Тодосија Паунов“ во Кочани го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале шест лица, објави Министерството за внатрешни работи.
Оттаму информираат дека во целосното расчистување на настанот и утврдување на сите околности и евентуални пропусти при постапувањето, ќе бидат вклучени и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Одделот за униформирана полиција.
The post Тепачка во Кочани, приведени четири лица appeared first on Provereno.



