Во населбата Центар, малолетник бил физички нападнат од двајца други малолетници, од кои едниот подоцна, во населбата Гази Баба, пукал со пиштол кон малолетникот, додека другиот фрлал тврди предмети.
Случајот е пријавен денес во Секторот за внатрешни работи во Скопје.
„Н.И. (39) од Скопјe пријавил дека на 11.03.2026 година во 19:30 часот во месноста Центар, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од двајца малолетници. Според пријавата, подоцна во месноста Гази Баба, едниот од нив вперил огнено оружје кон малолетникот и пукал, додека другиот фрлал тврди предмети кон неговиот син“, известува МВР.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека се преземаат мерки за расветлување на случајот.
Пронајдете не на следниве мрежи:



