Тепачка со метални шипки за паркинг во Струга (ВИДЕО)

Во Струга вчера се случила крвничка тепачка заради паркинг-место. Во тепачката учествувале неколку млади лица кои со метални шипки искршиле еден автомобил.
– Тепачката се случила вчера околу 14 часот на паркинг на улицата “Маршал Тито“. Неколку лица го нарушиле јавниот ред и мир и извршиле насилство врз 27-годишно момче од струшкото село Загрчани.
Полициската станица презема мерки за идентификација на учесниците во насилството, кои подоцна оштетиле и патнички автомобил, сопственост на оштетениот, соопштуваат од СВР Охрид.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.