сабота, 21 ноември 2026
Најново

Терористички напад во Русија: Нападнати полицајци во Ингушетија, тројца мртви (ВИДЕО)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Непознати лица отвориле оган врз членовите на Дирекцијата за борба против тероризмот при руското Министерство за внатрешни работи во Ингушетија.Како што соопшти полицијата, има загинати и повредени.

„На патот на влезот во Магаш вечерва непознати лица пукале во автомобил во кој се наоѓале припадници на центарот „Е“ на МВР на Републиката“, изјавил изворот, наведувајќи дека според досегашните информации, загинале неколку лица.Потрагата по напаѓачите е во тек, додека се утврдуваат информациите за загинатите.Полициски извор подоцна појасни дека во нападот загинале еден полицаец и двајца цивили.

Поврзани вести