Тетовец доби 30 дена притвор поради извршен полов напад врз малолетничка

Тетовецот кој беше приведен како осомничен за полов напад врз дете, доби притвор од 30 денови од страна на судија во претходна постапка, информира тетовската полиција.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 61 годишно лице од Тетово поради основи на сомнение дека сторил полов напад врз дете кое не наполнило 14 години согласно член 188 од Кривичен законик.

Судија во претходна постапка на Основен суд во Тетово му определил мерка притвор од 30 денови и ќе биде спроведен за издржување во Казнено-поправна установа Затвор Скопје. С.М (61) се сомничи дека на 24 февруари помеѓу 19 и 20 часот на улицата Страшо Пинџур во Тетово во неговото возило внел малолетно девојче, а потоа на друга локација извршил обљуба над детето, соопшти денес СВР Тетово.

Вести од ЦРНА ХРОНИКА НА ПУЛС24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.