Тетовец запалил оган за скара кај Лисец, предизвикал голем пожар и е уапсен

Вчера во 13.15 часот кај место викано „Голгота“, атар на с.Лисец, тетовско, полициски службеници од Полициско одделение Попова Шапка го лишиле од слобода Ф.Н.(44) од Тетово.
Околу 12.00 часот, на наведеното место, запалил оган за скара, кој се проширил, зафаќајќи површина на сува трева.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.