Тетовец почина на плажа во Албанија – сведоци велат дека Брзата помош не стигнала навреме

Четириесет и едногодишен тетовец А.С., вработен во Основниот суд во Тетово, ненадејно почина вчера на плажата Шкемби во Каваја, кај Драч, каде што бил на одмор со своето семејство.

Сведоци за албанските медиуми изјавиле дека присутните двапати успеале да го оживеат, но поради доцнењето на Брзата помош, која пристигнала дури по повеќе од еден час, неговиот живот не можел да се спаси.

Косовскиот весник „Експрес“ објави дека зад себе оставил сопруга и две ќерки.

Пронајдете не на следниве мрежи: