Тешка сообраќајка кај Ново село на патот Охрид – Кичево

Според првичните информации, до несреќата дошло при судар на камион и патничко возило „Ауди“ со кавадаречки регистерски ознаки. На местото на сообраќајната несреќа, на магистралниот пат Охрид – Кичево излегле екипи на СВР – Охрид, Територијалната противпожарна служба и Службата за итна медицинска помош.
Сообраќајот на патниот правец е во прекин, а две повредени лица се пренесени во болница. Нема информации дали во несреќата има загинати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.