Тешка сообраќајка кај фонтаната во Градски парк

Сообраќајката се случила утрово на кртосницата кај фонтаната во Градскиот парк во Скопје. Возач со автомобил марка „Сеат“ се забил во улична светилка и излетал на паркингот, потврдуваат од МВР.
Во несреќата две лица се здобиле со повреди. Иако засега официјално не е познато за какви повреди се работи, дел од медиумите јавуваат дека во несреќата се повредени мајка и нејзиното бебе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.