Тешка сообраќајка на патот Штип-Радовиш, повредени 9 лица

Повредени се девет лица во сообраќајна несреќа во близина на радовишкото село Дамјан на магистралниот пат Штип-Радовиш.
Потпаролот на СВР Струмица Хринзатема Рендевска изјави дека несреќата се случила утринава во 3:40 часот помеѓу две патнички возила и еден трактор со приколка.


– Според првичните информации, со телесни повреди се вкупно девет лица и сите се хоспитализирани во болницата во Струмица, рече Рендевска.
Во тек е увид на местото на несреќата од страна на полицијата и јавниот обвинител.
Поради несреќата изутрината од 4:15 часот до 5:40 сообраќајот на тој дел од патот беше целосно прекинат, по што возилата се пропуштаа наизменично.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.