петок, 27 ноември 2026
Најново

Тешко е да се каже „не“ на толку пари, затоа Ериксен не сака агентот ниту да му ги кажува понудите од Саудиска Арабија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај




ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ


Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Кристијан Ериксен е дециден дека нема намера да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. 32-годишникот тврди дека не сака ниту да разгледува понуди од клубови од оваа земја.

-Не сум добил понуди од Саудиска Арабија и се трудам да не ме ни бараат. Ако мојот агент добие таква понуда, му реков да не ми кажува што е тоа, бидејќи не ме интересира оваа опција воопшто, рече Ериксен пред данските медиуми.

Запрашан дали би се премислил во иднина, тој додаде: „Не. Знам дека е тешко да се каже не, разговаравме на оваа тема и со клубот. Разбирам дека е тешко да се каже не кога се работи за толку многу пари, но затоа се трудам целосно да ја избегнам оваа тема, не сакам ни да знам каква е понудата“.

– Реклама –








Поврзани вести