Тешко повреден маж во сообраќајка во Битола

Маж се здобил со тешки телесни повреди откако доживеал сообраќајна несреќа во Битола, информира МВР. Вчера во 23:28 часот било пријавено дека на патот за с.Егри-битолско патничко моторно возило „Опел астра“, со битолски регистарски ознаки управувано од 58-годишниот Б.М. од Битола излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој бил пренесен во Клиничката болница во Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.