Тивкиот убиец на сите односи!

Дали често сте незадоволни од партнерот? Дали се карате секој ден? Ако одговорот е “да”, тогаш сигурно имате многу сериозни причини за тоа – тој ви обрнува малку внимание, не ви прави изненадувања и подароци, не заработува доволно,ви ја задева пријателката, расфрла низ целата куќа чорапи и валкани чинии …

Секој има свои причини и забелешки кои стануваат причина за расправии, а понекогаш и за сериозни скандали.
А всушност конфликтите во една двојка имаат една единствена причина.

Ако успеете да се справите со неа, сè станува многу полесно и дури забавно. Погледнете го размислувањето на еден маж кој ќе ви одговори на доста прашања:



РЕАЛНОСТ
Доаѓам малку подоцна од вообичаено и не само што нема вечера, но дури и не е предвидена. Малата вреска и покажува со рацете дека сака да јаде.
Тргнувам да ја најдам жена ми и заклучувам дека таа работи над некаков проект, кој освен што е многу важен, туку и веќе го испуштила рокот и мора итно да го заврши. На моето прашање: “Што ќе вечераме?” Таа прави страшен поглед на напрегање и од премореност.
Го земав детето на раце и отидов во кујната да барам храна. Таму ме пречекува хаос, купишта валкани чинии и празен фрижидер. Конечно погледот ми се запира на парче сирење и леб. “Топол сендвичи!” – тоа е спасението. Го ставив детето во столчето . Најдов тегла со пире и откако нејзе и ставив да јаде, таа се смири. Привремено.
Давам сендвичи и јадам на нога. Во кујната е лом. Во дневната насекаде се расфрлани играчки кои само чекаат да ги настапиш и да те приземјат на подот.
По вечерата со сендвичи со жена ми се струполивме на каучот, каде и двајцата избегнувавме да ги сретнеме погледите. Никој не пројавува ни најмала желба да се фати со чистење на куќата. Можам да продолжам со овој расказ, но претпоставувам дека на сите им е јасно како би можела да продолжи и слична вечер. Следува разочарување – разликата помеѓу првите две.
Како што рекол некој “Очекувањето е мајка на разочарувањето”. Факт. Значи за да не западнеме во оваа ситуација на неизбежното разочарување, подобро да го промениме редот на нештата и да ја ставиме реалноста пред очекувањата. Со други зборови, нека животот го следи својот нормален тек – прво да видиме каква е реалноста и потоа да формираме очекувања. Некој би рекол дека е подобро да немаме никакви очекувања. Но, тоа е крајна позиција. Кога тие се реални, смислени и искажани на глас, тогаш има корист од нив. Тогаш можете да разговарате со човекот до вас и ако тој не ги оправда тие очекувања, да му кажете што очекувате од него. А зошто не и да коригирате некои од нив. Тогаш навистина може да ги промените односите кон подобро и да постигнете една здрава и хармонична врска.
И така, отстранете ги високите (и особено нереални) очекувања. Направете надзор над реалноста – онаква каква што е. И дури тогаш формулирајте ги своите очекувања.
И не заборавајте за нив да му кажете на својот партнер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.