Кремљ ја обвини Финска дека го избрала патот на конфронтација со Русија, откако Хелсинки објави дека од полноќ планира да затвори четири премини на заедничката граница. Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ, рече дека Финска прави „голема грешка“.
– (Може) само да се изрази длабоко жалење што финските власти тргнаа да ги уништуваат билатералните односи – рече тој, пренесе руската државна новинска агенција ТАСС. Песков истакна дека двете земји отсекогаш имале заемно корисни и почитувани односи.
- Еден хороскопски знак наскоро би можел да има сериозен конфликт со шефот
- Од утре забрана за спортски риболов во Националниот парк „Маврово“, новата сезона почнува во февруари
- МВР откри интернет измама со стотици оштетени граѓани низ Македонија
- Дали правилно го мерите крвниот притисок? Неправилната положба на раката може да доведе до неточни мерења
- Додека граѓаните плаќаат 1.100 долари повеќе за бензин, американските нафтени компании заработуваат милијарди
„Русија никогаш не и се заканувала на Финска во модерната историја, немавме причина за каква било конфронтација. Сега тие го избраа овој пат. Од наша гледна точка, ова е голема грешка“, додаде тој.
Одлуката за затворање на граничните премини дојде откако Хелсинки ги обвини руските власти дека упатуваат мигранти во Финска како одмазда за нејзината одлука да ја зголеми одбранбената соработка со САД.
Фон дер Лајен им се заблагодари на Финците
Кремљ категорично ги отфрли ваквите обвинувања. Финската граничари најави дека ќе бидат поставени бариери на четири од деветте премини за да се „спречи влезот“. Околу 300 баратели на азил, главно од Ирак, Јемен, Сомалија и Сирија, пристигнаа во Финска оваа недела, соопштија граничните власти.
Речиси 100 од нив влегле од Русија само до денеска напладне, според финските власти. Барателите на азил кои пристигнуваат преку Русија од утре ќе можат да поднесуваат барања само на двата северни гранични премини, Сала и Варчиус, изјави Мати Питканиити, шеф на граничната служба за меѓународни прашања.
Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, вчера им се заблагодари на финските власти за заштитата на надворешната граница на блокот. „Руската инструментализација на мигрантите е срамна“, рече таа. Граничните премини кои ќе бидат блокирани на полноќ се: Ваалимаа, Нуиџамаа, Иматра и Ниирала.
Пронајдете не на следниве мрежи:



