Студентка од Индија која студира на Медицинскиот факултет во Фоча боледува од тифус, потврди порталот „Капитал“.
„Оваа болест, за која се сметаше дека е одамна искоренета во нашиот регион, е откриена кај студентка од Индија чиј идентитет е познат на редакцијата на овој портал“, се наведува во објавата на нивните профили на социјалните мрежи.
По ова шокантно откритие, студентката е ставена во изолација, а главна причина за инфекцијата се сметаат катастрофалните хигиенски услови во кои живеела.
За „Независне“ е потврдено дека надлежните институции презеле сите мерки за да се спречи ширењето на инфекцијата, во согласност со протоколите во вакви случаи.
Сите контакти кои се тестирани се негативни. Утврдено е дека студентката веќе била болна кога пристигнала во Босна и Херцеговина, објавува „Независне“.



