Тијана Дапчевиќ: Си реков да се случи нешто, сẻ да застане, да се одморам,…и се случи вонредна состојба

Македонската пејачка Тијана Дапчевиќ која на почетокот на интервјуто веднаш откри дека таа на некој начин ја предвидела короната односно пред вонредната состојба кажала неколку зборови кои се исполниле.
„Господ нека ми прости, но еден месец пред да настапи вонредната состојба, јас изговорив на глас – „Да се случи нешто, сẻ да застане, да се одморам, изморена сум затоа што јас 20 години не спијам. И се случи вонредната состојба, се случи застој на целиот свет. Еве од 13 март ако 5 пати бев во продавница, Милан е тој кој ги набавува намирниците. Единствено што правам секој ден е да се шетам, ние тројцата со цела опрема се шетаме по шума “ вели Тијана и објаснува дека тоа е единствена активност која ја прави надвор.
Инаку Тијана ја покажа и својата огромна тераса и откри дека по неа шета цел ден од едниот до другиот крај.

Дапчевиќ откри колку и е тешко што долго време не се видела со нејзината сестра Тамара Тодевска.
„Последен пат се видовме на 11 март. Многу е тоа што толку сме разделени. Верувај ми дека се слушаме најмалку 10 пати на ден. Со мајка ми се слушам на половина час затоа што таа е сама бидејќи има асма и не смее да излезе од дома. Тамара кога е во Скопје и носи што е потребно бидејќи моментално е во Гевгелија кај родителите“ вели пејачката.
Целото интервју погледнете во видеото подолу.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.