Тијана Дапчевиќ јавно откри колку килограми има

Во последното издание на емисијата „Магазин ин“ гости беа познати успшени дами и тоа: Илда Шаулиќ, Катарина Грујиќ, Верица Ракоќевиќ, Тијана Дапчевиќ и Нина Радуловиќ, а тема на емисијата беше – алфа и бета мажи.
Тијана уште на самиот почеток истакна дека таа е „најстаро омажена“ затоа што е во брак веќе 20 години.


„И алфа и бета и гама. Трае бидејќи се чуваме. Траам јас, трае тој, ја се воодушевувам на себе. Никогаш подобро не сум изгледала туку сега со моите 76.5 килограми“ вели македонската пејачката, а Сања додаде дека не мора да зборува за килограми затоа изгледа топ.
„Ме чува мојот алфа, бета, гама маж“ додава Тијана.

Дапчевиќ исто така истакна дека на почеток била и се уште е заљубена во својот сопруг, но исто така тој успеал да ја промени.
Инаку, Тијана и Милан се запознаа на еден кошаркарски натпревар и во брак се веќе 20 години, а заедно го имаат синот Вук.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.