Познатиот француски музички продуцент и диџеј, диџеј Снејк, присуствуваше на натпреварот на Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос, каде што српскиот тенисер се пласираше во полуфиналето победувајќи го Александар Зверев со резултат од 3:1.По натпреварот, Ѓоковиќ го изрази своето задоволство што го виде диџејот Снејк на трибините и му се заблагодари за поддршката, велејќи:„Т благодарам што дојде“, му рече Новак Ѓоковиќ, на што диџејот Снејк рече дека му е првпат.„Нема шанси“, додаде Ѓоковиќ и најави дека ќе му се оддолжи со тоа што ќе дојде на еден од неговите настапи.„Ти благодарам што дојде,, ќе ти се оддолжам!“, рече српскиот тенисер.
.@DjokerNole 🤝 @djsnake #RolandGarros pic.twitter.com/wg3NvTy1NX
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 5, 2025
Двајцата неодамна ја прославија заедно победата на ПСЖ во Лигата на шампионите, што дополнително го потврдува нивното пријателство.Диџеј Снејк, чие вистинско име е Вилијам Сами Етјен Григасин, е француско-алжирски диџеј и продуцент. Познат е по својот придонес во електронската музика, особено во жанровите EDM, трап, мумбатон и дабстеп.Тој е познат по своите соработки со бројни светски ѕвезди, меѓу кои Дипло, Скрилекс, Мејџор Лејзер, Лејди Гага и многу други. Неговата музика често се користи во филмови, реклами и спортски настани, а неговите песни имаат милијарди прегледи на Јутјуб.