,,Тоа е глупаво!” – Девојче му постави прашање на Лавров, доби јасен одговор: Исто како Зеленски да го забрани рускиот јазик

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров смета дека одбивањето да се учи англиски е глупаво и нема никаква врска со јазикот.

– Не мислам дека се во право оние кои велат: го свртуваат целиот свет против нас, па да се откажеме од учењето и користењето на англискиот јазик. Ова е глупаво. Ова е глупаво, бидејќи јазикот нема никаква врска со тоа – изјави рускиот министер на серуската хуманитарна манифестација „Дрво на желбите“, на прашањето на девојчето Анастасија од Луганск.

– Ова е исто како Зеленски да го забрани рускиот јазик, руското образование, руските медиуми во Украина – тврди тој.

„Елка на желбите“ се одржува од 2018 година.

Во оваа прилика, руските политичари и јавни личности се обидуваат да помогнат и да ги остварат новогодишните соништа на децата во тешки ситуации, сирачињата, децата со пречки во развојот, како и надарените деца.

Низ целата земја се поставуваат новогодишни елки, украсени со украси од деца.

За само пет години се остварија соништата на околу 107.000 деца, тврди агенцијата ТАСС.

Претседателот на Русија Владимир Путин, премиерот, членовите на владата и пратениците активно ја поддржуваат оваа акција.

Пронајдете не на следниве мрежи: