Толку силен, а толку корисен

Овој зачин се наоѓа во вашата кујна, тој е многу евтин, а неверојатно здрав. По своите лековити својства бил прочуен уште во древната индиска медицина, па во списоците на ајурведата се споменува многу пати. Дознајте што се може тој да направи за вашето здравје.
Црниот бибер е зачин кој со сигурност го користите секојдневно, но не ги знаете неговите лековити моќи. Токму затоа ние ви ги претставуваме сите благотворни, лековити дејствија на овој производ, кој не е скап, со сигурност го имате во вашата кујна, а неверојатно е благотворен.
Црниот бибер пред се го поттикнува варењето на храната, ги елиминира бактериите во желудникот и така ја спречува надуеноста. Меѓутоа, антибактериското и антимикробното дејство на црниот бибер го прават да биде и моќен конзерванс, па храната која е добро зачинета со овој зачин може и подолго да трае.


Важна улога на биберот е и тоа што ја потткнува способноста на организмот да ги апсорбира хранливите материи, особено бета-каротенот и витамините од Б групата.
Тој исто така, го забрзува метаболизмот и го помага согорувањето на калориите, па може да биде од голема корист за луѓето кои имаат вишок на килограми.
Црниот бибер содржи и јаки антиоксиданси кои се важен сојузник во борбата против слободните радикали, со што овој зачин му помага на организмот да се заштити од појавата на рак.
Биберот го спречува и задржувањето на водата во организмот, така што го поттикнува потењето и исфрлањето на урина.
Во комбинација со варено вино и каранфилче, тој е одличен лек против настинка.
Од црниот бибер може да се направи и етерично масло, кое е многу ефикасно во борбата против артритис, ја поттикнува циркулацијата, а добро е и за елиминација на целулитот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.