Службата за општи и заеднички работи на Владата отопочна постапка за брендирање, односно означување на сите службени возила во државата. Целта е до 29 септември, односно до почеток на кампањата за локалните избори сите службени возила и возила во сопственост на државата да бидат брендирани, односо да ги заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблици во боја, изјави директроот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.
Станува збор за околу 7 до 7,5 илјади возила, нагласувајќи дека МВР заклчучно со 31 декември годинава презело обврска да направи регистар на службени возила.
Правилникот не предвидува казни, до колку некои избегнат односно не направат брендирање во рокот до 29 септември тоа ќе мора да го направат со регистрација, кога ќе добијат специјални таблици во боја.
Правилникот предвидува да се брендираат сите возила кои што се во сопственост на државата, како што се владините возила, општинските возила, возилата на Јавните претрпијатија и се она што значи доминантна сопственсот на државата.
Одлуката за оваа новина беше донесена на владината седница на 29 јули, а први чии возила веќе се брендирани се СОЗР, ТИРЗ, Агенцијата за храна и ветеринарство и Царинската управа.


