Топлотен бран во Грција, температурите ќе надминат 44 степени!

Грција ќе биде погодена од интензивен топлотен бран почнувајќи од утре, кој ќе трае најмалку до петок, а се очекува температурите да надминат 44 степени Целзиусови во некои делови од земјата во следните 24 часа, соопшти денес Националната метеоролошка служба во Атина.

Високите температури ќе бидат предизвикани од доаѓањето на екстремно топли воздушни маси од Африка, кои се движат кон Грција и Балканот, објавува „Катимерини“.

Според прогнозата на Грчката метеоролошка служба, температурата на воздухот на Балканот од понеделник до петок ќе биде до десет степени повисока од просечната вредност за периодот од 1991 до 2020 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: