Сочна торта од малини и јогурт е идеален десерт за сите пригоди. Лесната текстура на јогуртот и свежината на малините му даваат посебна освежителна нота.Брзо и лесно се подготвува, а резултатот е торта на која е тешко да се одолее. Совршен избор е за летните денови или кога сакате да ги изненадите гостите со нешто лесно и вкусно.
Состојки
300 г малини
0,2 л јогурт
0,1 л масло
200 г шеќе
2 кесички ванилин шеќер
3 парчиња јајца
250 г брашно
1 прашок за пециво
ПодготовкаВо сад, изматете ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер додека не добиете пенаста смеса. Додадете го јогуртот, маслото, соединете, а потоа додадете го брашното измешано со прашок за печиво. Истурете ја смесата во намастен калап и печете околу 35 минути на 180 степени. По желба посипете со шеќер во прав, декорирајте со свежи билки.



