Тотенхем го доби градското дерби

Фудбалерите на Тотенхем го победија Арсенал со 2:1, во лондонското дерби кое се одигра во рамките на 28.коло во Премиер лигата.

Тотенхем со оваа победа се врати на третото место на табелата, додека Арсенал е се подалеку од местото кое води во Лигата на шампиони. Тотенхем во севернолондонското дерби ја забележа четвртата победа по ред, воедно екипата на Вилас-Боаш нема пораз на последните 12 натпревари. Победникот на „Вајт Харт Лејн“ беше решен во финишот на првото полувреме, кога Тотенхем со две идентични акции ја надмудри одбраната на Арсенал, а головите ги постигнаа Бејл и Ленон. Арсенал постигна гол на стартот од второто полувреме, кога Мертезакер погоди со глава.
Макфакс
Фудбалерите на Тотенхем го победија Арсенал со 2:1, во лондонското дерби кое се одигра во рамките на 28.коло во Премиер лиг

Пронајдете не на следниве мрежи: