Тошковски: За 12 часа, камерите на „Безбеден град“ регистрирале 65.000 прекршоци

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, објави дека во рок од 12 часа, системот „Безбеден град“ регистрирал 65.000 сообраќајни прекршоци. Системот, исто така, регистрирал 1.000 нерегистрирани возила.

„Денес, СBP-Скопје го означи почетокот на пробниот период на системот „Безбеден град“, каде што во првите 12 часа беа регистрирани цели 65.000 прекршоци. Со овој проект, влегуваме во нова фаза на подобрување на безбедноста во сообраќајот – прекршителите на сообраќајните правила ќе добијат електронско известување за сторениот прекршок, документирано со современи алатки и опрема за снимање.

Нашата цел е јасна, поголема безбедност, помалку прекршоци и нулта толеранција за несовесно возење, без разлика дали станува збор за урбана средина или пат надвор од населбата. Во првите 12 часа од пробната работа на системот, регистрирани се цели 65.000 прекршоци, од кои 2.800 за поминување на црвено светло и 1.000 за нерегистрирани возила.

„Оваа алармантна бројка уште еднаш ја потврдува неопходноста и оправданоста на системот, од кој очекуваме значително подобрување на културата на патот, зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот и намалување на штетите и жртвите на патот“, најави Тошковски.
The post Тошковски: За 12 часа, камерите на „Безбеден град“ регистрирале 65.000 прекршоци appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: