четврток, 12 ноември 2026
Најново

Тошковски: Поранешниот директор на Управата за водење на матичната книга на родените е приведен

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Неколку лица беа приведени синоќа во акција на Бирото за јавна безбедност, меѓу кои и Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги и кадар на ДУИ. Информацијата ја потврди во изјава за медиумите министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

„Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден вечерта, утрово и денес, дејствува во координирана акција, во чии рамки се преземаат обработувачки дејствија подолго време, по ориентации од НКОК ПТХП.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Денес ќе дадеме повеќе информации што се од јавен интерес, но презедовме дејствија што имаат за цел да го лишат од слобода лицето што го споменавте“, рече Тошковски.

Претходно, Основното обвинителство за гонење на организиран криминал соопшти дека синоќа е спроведена акција на неколку локации во Скопско и Куманово.

Поврзани вести