Тошковски се премисли: Факт е дека има хибридни напади во Македонија – никогаш не сум го демантирал Премиерот

Не е точно дека не сум се согласил со премиерот за хибридни напади изјави вечерва за тв Сител во „Тема на денот“, откако неколку дена во неговите изјави имаше различно мислење од тврдењето на премиерот дека не напаѓаат домашни и странски центри.

Земјата според него се соочува со серија големи пожари на депонии,складишта со опасен отпад и голем пожар на автомеханичарска работилница се „мулти странични напади“

. Не сум имал несогласување со премиерот за „хибридни напади“ како што медиумите известуваа. Прашан дали тие како што ги вели странични напади се од домашни или од странски центри и ако ги има од која земја се Тошковски одговори дека не би можел во интерес на истрагата да коментира.

Откако на повеќе прашања остана со одговор „во интерес на страгата“ не би можел да одговорам Тошковски рече дека сега е воздржан но јавноста на крај ке ја дознаела вистината кои се тие центри не отфрлајки дека нападите се од политички мотиви.

Тошковски рече дека тој говори само за факти, според неговите факти на неколку места во ист ден имало ризични пожари и во исто време гореле 3 депонии и фабрика за рециклирање на електронски отпад. Механизацијата на една од овие точки во тој момент не работела, а оние кои требало да опсервираат од некоја причина не биле на работа, а столбовите на кои имало средства за набљудување биле случајно „бутнати“.

Тој додаде дека ова се премногу случајности за да бидеме убедени дека сето ова не е со намера.

(Видео) Тошковски го попари Мицкоски: Немаме докази дека странски и домашни центри на моќ стојат зад пожарите

Пронајдете не на следниве мрежи: