Трабзон добил понуда од два милиони евра за Барди, наводно од Торино?!

Турскиот првак Трабзонспор наводно добил понуда од два милиони евра за македонскиот репрезентативец Енис Барди, најновата непотврдена информација низ турски медиуми и се претпоставува дека е од италијанскиот калчолигаш Торино, во бескрајните шпекулации изминативе две недели околу иднината на македонскиот репрезентативец.

Барди веќе две недели е во фокус околу наводно заминување, па се испреплетоа еден куп приказни и се појавија информации за наводен силен интерес од шпанските Мајорка, Кадиз, Рајо Валјекано, италијански Торино, француска Ница, но засега на четири дена до крајот на преодниот рок – ништо конкретно.

И во неколку часа, низ чаршиските кулоари и турски медиуми се појави прво информација дека Торино подготвува 2,5 милиони евра плус бонуси за да го земе Барди, а потоа и дека наводно веќе е испратена понуда од два милиони евра, најверојатно од „биковите“, но…

Пронајдете не на следниве мрежи: