Момче починало во кавадаречко Возарци, телото било дадено на обдукција, со цел утврдување на точната причина за смртта, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
„Синоќа во 22:30 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека во домот во село Возарци, Кавадаречко, починал С.П., на возраст од 24 години од село Возарци. Лекар од Итна медицинска помош – Кавадарци констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција“, соопштија од СВР Велес.



