Трагедија во рудник за злато во Сибир, 13 рудари загинаа

Официјалниот број на загинати по уривањето на браната во регионот Краснојаск порасна на 13, изјави претставник на руското Министерство за вонредни ситуации. „Потврдено е дека 13 луѓе настрадале“, се вели во соопштението.
Браната во технолошкиот резервоар во рудникот за вадење злато се урнала утрово во близина на населеното место Сетинкино во регионот Краснојаск, Сибир. Поплавени се две привремени простории за спиење.
Руското министерство за вонредни ситуации испратило спасувачи од соседните региони на местото на инцидентот за да помогнат во санирање на катастрофата. Истрагата за причините за инцидентот е во тек.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.