Трагедија во Турција: Загина репрезентативец на Чешка, половина тим на “Аланија“ тешко повреден

Голема трагедија ја задеси Турција откако минибус кој ги превезувал фудбалерите на турскиот прволигаш “Аланија“ синоќа излетал од патот. Загинал репрезентативецот на Чешка, Жозеф Шурал.
“Аланија“ синоќа играше против Казјери (1-1), по што тренерот им дал два слободни дена. Седумина од фудбалерите, Стивен Колкер, Папис Сисе, Баиано, Џалма, Ајзак Секи, Велинтон и несреќниот Шурал одлучиче да изнајмат комбе и да се вратат во Аланија која е одалечена 570 километри.
Изнајмиле комбе со двајца возачи и тргнале од Анталија за Аланија. На само пет километри од центарот на градот излетале од патот. Сите седум фудбалери се повредени и однесене во болница, но иако му биле направени итни операции за Шурал немало спас и тој за жал починал.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.