петок, 27 ноември 2026
Најново

Трамп: Вакцинацијата во САД ќе започне за помалку од 24 часа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека вакцинацијата во САД ќе започне за помалку од 24 часа, откако Агенцијата за храна и лекови (ФДА) издаде дозвола за итна употреба на вакцината против Ковид-19 од американската фармацевтска компанија „Фајзер“ и германската „Бионтек“.
Си-Ен-Ен потсетува дека оваа вакцина покажала ефикасност од 95 отсто, дека првите вакцинации ќе започнат во наредните денови и дека терминот „за итна употреба“ значи дека може да се користи во итни ситуации, но дека сè уште нема целосен сертификат и целосно одобрување од властите, за што „Фајзер“ ќе треба да достави посебно барање до ФДА.
Пред почетокот на масовната вакцинација, Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) и Советодавниот одбор за превенција и имунизација на САД мора да дадат препорака по што ЦДЦ ја усвојува последната препорака и дава зелено светло за да започне вакцинацијата на населението.

Поврзани вести