Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека средбата со рускиот лидер Владимир Путин е неопходна за решавање на конфликтот во Украина.
– „Мора да се сретнеме. Тој и јас ќе се сретнеме. Мислам дека можеме да го решиме (конфликтот). Или можеби нема. Барем ќе знаеме. Ако не ја решиме (ситуацијата во Украина), ќе биде многу интересно“, им рече Трамп на новинарите во „Ер Форс Уан“ на пат од Обединетите Арапски Емирати кон САД.
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Фокс њуз“ кон крајот на март изјави дека сака што поскоро да го заврши украинскиот конфликт и да постигне мир, бидејќи „континуираното крвопролевање е неприфатливо“. Од своја страна, американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека единствената можност за значаен напредок во преговорите за украинската криза е средба меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп.



