Трамп воведува дополнителни царини од 10 отсто за Канада

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој оваа недела одлучи да ги прекине трговските односи со Канада како одмазда за рекламната кампања против американските царини, синоќа објави дека воведува дополнителни 10 отсто царини на Отава, пренесува Би-би-си.

„Нивната реклама требаше веднаш да се отстрани, но тие ја пуштија да се емитува синоќа за време на Светските серии, знаејќи дека е измама“, напиша Трамп на платформата Truth Social.

Американскиот претседател се осврна на рекламната кампања во која Роналд Реган зборуваше против царините, а која се емитуваше за време на првиот натпревар од финалето на бејзболот.

„Поради нивното (Канаѓаните) сериозно искривување на фактите и нивното непријателско дејствување, ги зголемувам царините за Канада за 10 отсто во однос на она што го плаќаат сега“, додаде Трамп.

Пронајдете не на следниве мрежи: