Голем број познати и истакнати американски лидери го придружуваа американскиот претседател Доналд Трамп на церемонијата на добредојде во Пекинг.
„Ќе го замолам претседателот Си… да ја отвори Кина за овие големи луѓе да можат да ја извршат својата магија“, изјави Трамп.
Список на луѓе кои беа дел од американската делегација:
Тим Кук, Apple;
Стефан Шварцман, Блекстон;
Кели Ортберг, Боинг;
Брајан Сајкс, Каргил;
Џејнс Фрејзер, Ситигруп;
Х. Лоренс Калп Џуниор, GE Aerospace;
Дејвид Соломон, Голдман Сакс;
Џејкоб Тајсен, Илумина;
Мајкл Мибах, Мастеркард;
Санџај Мехротра, Микрон Технолоџи;
Јенсен Хуанг, Нвидија;
Кристијано Амон, Qualcomm;
Илон Маск, SpaceX/Tesla;
Рајан Мекинерни, Виза.
Кинескиот лидер Си Џинпинг ја поздрави новата ера во односите меѓу САД и Кина, дефинирана со конструктивни и стабилни врски, за време на неговиот историски самит со претседателот Доналд Трамп во Пекинг во четврток.
Двајцата лидери се согласија да воспостават „конструктивен и одржлив стратешки однос“ како нова ориентација за билатералните врски во следните три години и понатаму, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.
Иако САД сè уште не го објавиле својот извештај за состанокот, новиот термин – употребен овде за прв пат – укажува на напор од двете страни да го преформулираат својот нестабилен однос од последните години во таков во кој нивната конкуренција и соработка се поуправувани и предвидливи.
The post Трамп во Кина – објавен е списокот со имиња на американската делегација што го придружуваше appeared first on Во Центар.



