четврток, 12 ноември 2026
Најново

Трамп враќа стара технологија на воените бродови оти за дроновите ќе има нови царини

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша два документа со кои се воведуваат нови тарифи за беспилотни летала и нивните компоненти и ѝ се наредува на американската морнарица да ги замени напредните електромагнетни системи за лансирање авиони и подигнување оружје на носачи на авиони со традиционални парни и хидраулични системи.

Според Белата куќа, Трамп му наредил на министерот за одбрана, Пит Хегсет, да ги замени напредните електромагнетни системи со традиционални парни катапулти и хидраулични системи, бидејќи верува дека постојните решенија се премногу скапи и премногу сложени, објави Еј-Би-Си.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Втората директива му наложи на Хегсет да основа петто поморско бродоградилиште и да им дозволи на странските бродоградители да градат американски воени бродови, под одредени услови.

Тарифите треба да стапат на сила 21 ден по потпишувањето на документите, додека царините за одредени, помалку чувствителни компоненти на дронови ќе стапат на сила 180 дена подоцна.

Според Белата куќа, царината ќе биде 100 проценти за особено чувствителни дронови, 25 проценти за помали дронови за кои е оценето дека претставуваат помалку итен безбедносен ризик, додека тарифа од 15 проценти ќе се воведе за одредени дронови и компоненти од Европската Унија, Јапонија, Лихтенштајн, Јужна Кореја, Швајцарија и кинескиот регион Тајван.

Поврзани вести