Трамп го зголемува притисокот врз Киев: Украина треба брзо да седне на преговарачка маса

Трамп се залага за прекин на конфликтот што започна во февруари 2022 година, но претходните две рунди разговори во Абу Даби, посредувани од САД, не донесоа напредок.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го зголеми притисокот врз Украина „брзо“ да постигне договор со Русија пред преговорите што ги организираат САД во Женева.

„Украина подобро да седне на преговарачка маса што побрзо“, им рече Трамп на новинарите во „Ер Форс Уан“ на пат кон Вашингтон.

Трамп е посветен на прекинување на конфликтот што започна во февруари 2022 година, но претходните две рунди преговори со посредство на САД во Абу Даби не донесоа напредок, проценува „Гардијан“.

За време на разговорите, Москва инсистираше на територијални и политички отстапки од страна на Украина, што Киев го отфрли како еднакво на капитулација.

Преговорите во Женева, закажани за 17 и 18 февруари, ќе се одржат во трилатерален формат со учество на Украина, САД и Русија. Според Ројтерс, клучни точки на дневен ред ќе бидат територијалните прашања и стратешките безбедносни гаранции.

На преговорите беа претставени следниве високи функционери:

Делегацијата од Украина ја предводи секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Рустем Умеров.

Од Русија, групата преговарачи ја предводи помошникот на претседателот на Руската Федерација, Владимир Медински.

САД беа претставувани од специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на претседателот, Џаред Кушнер.
The post Трамп го зголемува притисокот врз Киев: Украина треба брзо да седне на преговарачка маса appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: