Трамп го поканил Путин во „Советот за мир“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го поканил рускиот претседател Владимир Путин да се придружи на неговата иницијатива „Совет за мир“, чија цел е решавање на глобалните конфликти. „Тој е поканет“, изјави Трамп пред новинарите, објави Ројтерс.

Трамп сака конечната повелба и мандатот на „Советот за мир“ да бидат потпишани во Давос во четврток, за време на Светскиот економски форум, но некои детали предизвикуваат сомнежи кај поканетите, објави Блумберг.

Советот, замислен како тело под водство на Трамп за надгледување на реконструкцијата на Газа, прво ќе се занимава со конфликтот во Газа, а подоцна ќе се прошири и на други конфликти.

Пронајдете не на следниве мрежи: