Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека дури и ако Иран се предаде на Соединетите Американски Држави, мејнстрим американските медиуми ќе известат дека Иран всушност ја добил војната.
„Ако Иран се предаде, признае дека нивната морнарица е исчезната и лежи на дното на морето, дека нивните воздухопловни сили повеќе не се со нас, ако целата нивна војска излезе од Техеран, со спуштено оружје и кренати раце, секој извикувајќи „Се предавам, се предавам“ додека мавта со бело знаме, и ако целото нивно преостанато раководство ги потпише сите потребни „Инструменти за предавање“ и признае пораз пред големите, моќни и величествени Соединети Американски Држави, Њујорк Тајмс, Чајна Стрит Џурнал (алузија на Волстрит Џурнал), корумпираната и сега неважна Си-Ен-Ен и сите останати лажни вести ќе објават дека Иран постигнал маестрална и брилијантна победа над Соединетите Американски Држави“, објави Трамп.
Според него, медиумите што ги цитираше „го изгубиле својот пат и апсолутно полуделе“. Трамп претходно изјави дека преговорите со Иран напредуваат добро и дека мировниот договор „или ќе биде одличен договор за сите“ или воопшто нема да има таков.



