сабота, 28 ноември 2026
Најново

Трамп играл голф во блиндирано возило на својот имот во Шкотска, отпорно на снајперски куршуми

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во текот на првите денови од престојот, Трамп се возеше низ голф теренот во црн UTV Polaris XP 1000 Ranger со посебна балистичка заштита, чија цена се проценува на речиси 190.000 долари.„Тајната служба на САД користи различни алатки и ресурси за да ги заштити своите клиенти. За да се одржи оперативната безбедност, Тајната служба не ги дискутира специфичните средства и методи што се користат за спроведување на нашите заштитни операции“, соопшти Тајната служба на САД.Polaris Ranger X го користат војската, органите за спроведување на законот и многу други агенции за теренски транспорт. Основната верзија се продава за околу 20.000 долари.Од друга страна, по првичната безбедносна процедура, Трамп вчера почна да вози класично голф возило на голф терените, што веројатно ги намали некои од безбедносните мерки на неговото обезбедување.Во своето одморалиште, Трамп се сретна со британскиот премиер Кир Стармер и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен

Поврзани вести