Портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит, изјави дека на претседателот на САД, Доналд Трамп му е дијагностицирана хронична венска инсуфициенција, нарушување на циркулацијата на крвта , откако забележал „благ оток на долните екстремитети“.Левит го даде изненадувачкото соопштение додека одговараше на шпекулациите за неодамнешните модринки на рацете на Трамп, за кои рече дека биле оценети како „ благо оштетување на меките ткива предизвикано од често ракување и употреба на аспирин “ за спречување на срцеви заболувања, објавува Њујорк пост . Во духот на транспарентност, претседателот сакаше денес да ја споделам неговата лекарска белешка со сите вас “, рече Левит.„ Во текот на изминатите неколку недели, претседателот Трамп доживеа благ оток во долните екстремитети , кој, како дел од рутинската медицинска нега, беше темелно испитан од страна на Медицинската единица на Белата куќа“, се вели во соопштението.„ Претседателот беше подложен на сеопфатен преглед , вклучувајќи дијагностичка васкуларна анализа – беа направени билатерални ултразвуци на долните екстремитети со доплерографија и беше откриена хронична венска инсуфициенција… честа состојба , особено кај луѓе над 70 години.“Таа додаде: „ Важно е да се напомене дека немало докази за длабока венска тромбоза или артериска болест … Исто така, бил направен ехокардиограм , кој ја потврдил нормалната структура и функција на срцето ; не се идентификувани знаци на срцева слабост, бубрежна слабост или системска болест.“Не беше веднаш јасно како Трамп, кој има 79 години, ќе биде лекуван од оваа болест .„ Неодамнешните фотографии од претседателот покажуваат мали модринки на задниот дел од раката “, призна таа.„Тоа е во согласност со благи оштетувања на меките ткива предизвикани од честото ракување и употреба на аспирин, кој се зема како дел од стандардниот режим за спречување на кардиоваскуларни заболувања. Ова е добро познат и безопасен несакан ефект од терапијата со аспирин , а претседателот останува во одлична здравствена состојба, што мислам дека сите го гледате тука секој ден.“
Пронајдете не на следниве мрежи:



