Трамп му откри на Орбан како ќе заврши војната во Украина! Унгарскиот лидер ги претстави шокантните детали од разговорите: Киев нема на што да се надева?

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вети дека нема да и’ дава пари на Украина доколку повторно стане претседател, а Европа без САД нема да може да го финансира конфликтот и војната ќе заврши, тврди унгарскиот премиер Виктор Орбан.– Очигледно е дека самата Украина не стои на свои нозе. Ако Американците не дадат оружје и пари, а Европејците го следат примерот, тогаш војната ќе заврши. Ако Американците не дадат пари, Европејците не можат сами да ја финансираат Украина, тогаш војната ќе заврши. Трамп сега не е претседател, но неговата партија се меша кога демократите сакаат да испратат пари за војна. Трамп рече дека нема да даде ниту денар ако се врати. И тогаш војната ќе заврши – изјави Виктор Орбан во интервју за ТВ каналот М1.Поранешниот американски претседател и речиси сигурно кандидат на републиканците на претседателските избори, Доналд Трамп, да потсетиме, во саботата се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан во неговата резиденција Мар-а-Лаго на Флорида.Тоа беше трета официјална средба на двајцата политичари.Разговорите траеја околу еден час, а потоа следуваа вечера и концерт.Канцеларијата за печат на поранешниот американски претседател соопшти дека Трамп и Орбан разговарале за „широка палета на прашања“ кои ги засегаат Унгарија и Соединетите држави – вклучително и огромното значење на силна и безбедна граница за секоја нација.

Пронајдете не на следниве мрежи: