Трамп накратко излезе од болница за да ги израдува верните приврзаници

Околу 23 и 30 часот по средно европско време, американскиот претседател Доналд Трамп беше виден во конвојот возила што минуваа многу бавно пред болницата каде што беше собрана толпата приврзаници на Трамп.
Толпа народ пред болницата во која е сместен претседателот Трамп/ Фото: EPA-EFE/EUGENE GARCIA
Трамп беше во едно од возилата и со маска на лицето им мавташе на своите гласачи и фанови.

Околу 23 и 30 часот по средно европско време, американскиот претседател Доналд Трамп беше виден во конвојот возила што минуваа многу бавно пред болницата каде што беше собрана толпата приврзаници на Трамп.

👍
Тоа е изненадување што тој го објави во видео на Твитер. Го објави 15 минути пред да ја напушти болницата, во кое вели дека научил многу за ковид-19, дека ова што му се случува е вистинско училиште и дека има намера да зборува за тоа.
-Ова е многу интересно патување. Научив многу за ковид-19. Ова е вистинското училиште. Ова не е училиште каде се читаат книги и јас го сфаќам тоа. И разбирам. И тоа е многу интересна работа- рече тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.