Доналд Трамп изјави дека прегледот на материјалот за НЛО од страна на неговата администрација открил голем број „интересни“ документи и дека се очекува првата серија записи да биде објавена наскоро.
Зборувајќи на настан организиран од организацијата „Turning Point USA“ во Феникс, Трамп рече дека за време на прегледот се пронајдени голем број интересни документи, објави Ројтерс.
„Пронајдовме многу интересни документи и првите публикации ќе започнат многу, многу наскоро, така што ќе можете да видите дали феноменот е реален“, рече тој.
Во февруари, Трамп им нареди на американските агенции да почнат да објавуваат владини досиеја за НЛО, или неидентификувани воздушни феномени и можен вонземски живот, наведувајќи го силниот јавен интерес за оваа тема.
Одлуката за преглед на материјалот дојде откако поранешниот американски претседател Барак Обама во интервју за подкаст изјави дека вонземјаните се „вистински“, а Трамп го обвини дека нема право да ги споделува тие класифицирани информации.
The post Трамп наскоро ќе ги отвори досиеја за НЛО: „Ќе видите дали феноменот е реален“ appeared first on Во Центар.



