Трамп најави откуп на производи од домашни земјоделци заради снабдување на народните кујни

Претседателот на САД Доналд Трамп најави дека од следната недела државата ќе почне да купува млеко, месо и други производи од домашните земјоделци во вредност од три милијарди долари, бидејќи расте невработеноста и многумина се принудени да одат во народните кујни.
„На почетокот на следната недела, САД, по мој налог, од нашите земјиделци и фармери ќе купуваат млеко, месо и други производи во вредност од три милијарди долари за потребите на народните кујни“, напиша Трамп на Твитер

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.