Трамп најавува нови напади врз Иран, а кога го прашаа кога ќе завршат, тој одговори: „Кога ќе го почувствувам тоа во коските“

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со „Фокс њуз“ за нападите врз Иран, новиот врховен лидер на земјата и сојузниците во Заливот.

Кога го прашале кога ќе знае дека војната е завршена, Трамп одговорил:

„Кога ќе го почувствувам, во ред? Кога ќе го почувствувам во коските.“

Тој зборуваше и за иранскиот лидер Моџтаба Хамнеи, кој не се појави во јавноста, и изјави дека „мисли дека е оштетен“.

Тој исто така верува дека американските сили треба да ги придружуваат танкерите за нафта низ Ормутскиот теснец доколку е потребно.

„Ќе видиме што ќе се случи“, додаде Трамп.

Тој, исто така, најави нови напади врз иранска територија следната недела и рече дека „ќе ги удри многу силно“.

„Веќе ги оштетивме толку лошо што ќе им требаат години дури и да се опорават“, истакна тој.

Американскиот претседател зборуваше и за сојузниците во Заливот и го нагласи ставот дека таму има огромно единство и дека денес разговарал со повеќето од нив, но верува дека тие добро ја вршат работата во заштитата.
The post Трамп најавува нови напади врз Иран, а кога го прашаа кога ќе завршат, тој одговори: „Кога ќе го почувствувам тоа во коските“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: