Поранешниот американски претседател Доналд Трамп победи на републиканските прелиминарни избори во Њу Хемпшир оставајќи ја зад себе поранешната амбасадорка на САД во Обединетите нации и поранешна гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли.
Трамп освои 54,5 отсто од гласовите, со што освои 11 електори, а Хејли освои 43,6 отсто од гласовите и освои осум електори, врз основа на речиси 90 отсто од обработените гласачки ливчиња, пренесува „Гардијан“.
- Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во МакедонијаМинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски изминатите денови престојуваше во работна посета… Read more: Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
- 6.000 административци, од привремено, добиваат вработување на неопределено време со предложениот законОколу 6.000 административци место привремено ќе добијат вработување на неопределено време со… Read more: 6.000 административци, од привремено, добиваат вработување на неопределено време со предложениот закон
- Сопругата на Џејми Оливер ја откри суровата вистина: „Ми го уништуваа животот со децении“Сопругата на познатиот британски готвач Џејми Оливер, Џулс Оливер, отворено проговори за… Read more: Сопругата на Џејми Оливер ја откри суровата вистина: „Ми го уништуваа животот со децении“
- Доскорешниот началник на Генералштабот на АРМ, Васко Ѓурчиновски презеде висока функција во меѓународната одбранбена компанија „Модирум“Поранешниот началник на Генералштабот на Армијата на Северна Македонија, генерал Васко Ѓурчиновски,… Read more: Доскорешниот началник на Генералштабот на АРМ, Васко Ѓурчиновски презеде висока функција во меѓународната одбранбена компанија „Модирум“
- Трогателната исповед на сестрата на Метју Пери; Откриени претходно непознати детали од погребот: „Колку е ова ужасно“Сестрата на актерот Метју Пери, познат по улогата на Чендлер Бинг во… Read more: Трогателната исповед на сестрата на Метју Пери; Откриени претходно непознати детали од погребот: „Колку е ова ужасно“
Ваквиот исход од прелиминарните избори во Њу Хемпшир, по победата во пратеничката група во Ајова минатата недела, сугерира дека Трамп третпат ќе биде кандидат на Републиканската партија на претседателските избори и дека, најверојатно, ќе се соочи со претседателот на САД и најверојатен кандидат на Демократската партија вторпат во ноември, Џозеф Бајден.
Трамп им се обрати на своите поддржувачи во Нашуа зборувајќи и за резултатите на Ники Хејли.
„Таа не победи, таа загуби. Таа имаше многу лоша вечер. Таа беше трета во Ајова и сè уште виси“, рече Трамп.
Од друга страна, Хејли рече дека и покрај поразот во Њу Хемпшир, ќе продолжи со кампањата за следните прелиминарни избори на Републиканската партија, кои се одржуваат во Јужна Каролина, државата во која таа беше гувернер.
„Примарните избори во Њу Хемпшир беа први во земјата, но не беа последни. Трката е далеку од завршена. Остануваат уште десетици држави, а на ред е мојата Јужна Каролина“, рече Хејли.
Анкетите покажуваат дека Трамп има значително водство во Јужна Каролина.
„Гардијан“ потсетува дека Ники Хејли останува последната противкандидатка на Трамп за републиканската номинација откако гувернерот на Флорида, Рон де Сантис, се повлече од изборната трка.
Пронајдете не на следниве мрежи:



