сабота, 28 ноември 2026
Најново

Трамп номиниран за Нобелова награда за мир

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Член на американскиот Конгрес го номинираше претседателот Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, откако тој посредуваше во постигнувањето договор за прекин на огнот меѓу Израел и Иран, објави „Фокс њуз“.Конгресменот Бади Картер од Џорџија му пиша на Нобеловиот комитет дека Трамп одиграл „извонредна и историска улога“ во завршувањето на „вооружениот конфликт меѓу Израел и Иран и спречувањето на најголемиот спонзор на тероризам во светот да се здобие со најсмртоносното оружје на планетата“.Трамп прогласи крај на „Дванаесетдневната војна“ пред два дена, а прекинот на огнот стапи на сила следниот ден.Со ова се заврши спорот што траеше нешто повеќе од една недела, откако Израел првпат започна напад врз Иран, тврдејќи дека Техеран е опасно блиску до стекнување нуклеарно оружје. 

Поврзани вести