Трамп номиниран за Нобелова награда за мир

Член на американскиот Конгрес го номинираше претседателот Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, откако тој посредуваше во постигнувањето договор за прекин на огнот меѓу Израел и Иран, објави Фокс њуз .

Претставникот Бади Картер од Џорџија му пиша на Нобеловиот комитет дека Трамп одиграл „извонредна и историска улога“ во завршувањето на „вооружениот конфликт меѓу Израел и Иран и во спречувањето на најголемиот спонзор на тероризам во светот да го добие најсмртоносното оружје на планетата“.

Трамп доцна вчера прогласи крај на „12-дневната војна“, а прекинот на огнот стапи на сила утрово. Со тоа заврши конфликтот што траеше нешто повеќе од една недела, откако Израел првпат започна напад врз Иран, тврдејќи дека Техеран е опасно блиску до стекнување нуклеарно оружје.

Пронајдете не на следниве мрежи: